Избери Јазик:

Политика за квалитет

Управување со квалитет

во процесот на производство на профили, цевки, арматурна мрежа и статични носачи за ферт греди

За Нас

Компанијата ДООЕЛ МЕТАЛОПРОМЕТ, Струмица е основана 1972 година од страна на г-дин Мите Шапковски.

Од почетокот основна дејност на компанијата е конфекција на лим, со макази за сечење и технолошка линија за пресување и виткање на лим.

Со реализација на новите инвестициони планови и потребата од постојано вложување, компанијата денес зазема важно место во секторот црна металургија и поседува Сертификат за квалитетот ISO 9001:2015.

Денес, дејност на металопромет вклучува:

  • производство на заварени цевки и профили
  • производство на арматурна мрежа за градежништво
  • производство на статични носачи за ферт греди
  • промет на нафта и нафтени деривати
  • хотелиерство

Основна дејност на компанијата е производство на заварени цефки и профили. Повеќе од 100 различни димензии се дел од нашата производствена програма. Компанијата поседува 5 линии за производство,чии што капацитет е 300 тона во една работна смена. Се произведува со висококвалитетни суровини, а опремата е модерна и автоматизирана и се произведува со сите мегународни стандарди. Повеќе од 95% од вкупното производство е наменето за извоз.

Со постојано вложување и инвестирање во нова техночогија и знаење, компанијата го задржува квалитетот на своето работење.