во процесот на производство на профили, цевки, арматурна мрежа и статични носачи за ферт греди
Електорзаварените цевки и профили се испорачуваат од општи конструктивни челици со квалитет S 235 JRG, S275 JR и S 335 J2G3 со пропишан хемиски состав и дефинирани механичко-технолошки особини.
| СТАНДАРД ЗА КВАЛИТЕТ | |
|---|---|
| EN 10025 | DIN 17100 |
| ВИД НА ЧЕЛИК | |
| S 235 JRG2 | R St 37-2 |
| S 235 JO | St37-3 U |
| S 235 J2G3 | St 37-3 N |
| S 275 JR | St 44-2 |
| S 275 Jo | St 44-3 U |
| S 275 J2G3 | St 44-3 N |
| S 335 JR | - |
| S335 JO | St 52-3 U |
| S 355 J2G3 | St 52-3 N |
Дозволено отстапување
1.Тежина
Тежината на поедини цевки може да отстапува од тежината наведена во табелите во граница од +10% до -8%, и се пресметани на основа на специфичната тежина на челикот од 7,85 кг/дм3.3.
2.Облик
Дозволено отстапување од правоста, правоаголноста, вдлабнатоста, односно испупченоста и извивањето е дадено во следната табела:
| КАРАКТЕРИСТИКИ | ДОЗВОЛЕНО ОТСТАПУВАЊЕ | |
|---|---|---|
| Цевки со кружен пресек | Цевки со квадратен или правоаголен пресек | |
| Надворешна мера | ±1% надворешен пречник но не помалку од ±0,5 мм | ±1% од мерните страни но не помалку од ±0,5 мм |
| Дебелина на ѕидот | ±10% со најмалку ±0,2мм надвор од местото на заварување и аголот на заоблување | |
| Правоаголност | - | 90° ±1° |
| Испупченост или вдлабнатост | - | ±1% од должината на страните |
| Надворешен агол на заобленост | - | најмногу 3a (a=дебелина на ѕидот) |
| Правост | 0,2% од вкупната должина на цевките | |
| Извиеност | - | 2мм за првите 1000мм, + 0,5мм на секои наредни 1000мм должина |